Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за извршување на занимањето неговател на стари лица во домашни услови и во посебни установи кои послужуваат нега за стари лица. Програмата се темели на стандарди за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домашни услови или во посебни установи за стари лица. Програмата е со времетраење од 210 часа.
По успешното завршување на програмата обучениот кандидат ќе се оспособи за самостојна работа со различни техники за нега, масажа, превенција од болести, хигиенотехнички услови на пациентот и хигиена во работната установа. Учесникот ке ги познава правата и обврските од работен однос, отворање и водење на сопствен бизнис за деловна, усна и писмена комуникација и за тимска работа. Програмата дава можност натамошно вертикално напредување во повисоко ниво од занимањето.
Резултати од програма
Ученикот по успешното завршување на програмата ќе може да извршува комплетна нега на палијативни болни и тоа да одговара за здравствената состојба, да обавува комплетна лична хигиена на болниот и хигиена на околината, да е спремен на различни начини во зависност од здравствената состојба на лицето да ги извршува секојдневните потреби, да врши превенција од декубитус, да извршува правилна исхрана со соодветни диететски програми, да применува етички норми и ефикасна комуникација со клиентите, да ги познава правата од работен однос. |
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 24 | 24 |
Пракса | 71 | 71 |
Оценување | 5 | 5 |
Вкупен број на часови | 210 |