Опис на програма
Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.
Програмата е составена од 4 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи: 1. Организира работа и ефктивно работи; 2. Помага во домот на стари и изнемоштени лица; 3. Самостојно негува и помага во промоција на здравје и превенција од болести ; 4. Овозможува пссихо-социјална помош и грижа
Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет. Практичната обука на работно место се изведува во домови за сместување на стари лица (20 часа).
Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 90 часа се теорија, 190 часа припаѓаат на практична обука и 20 часа се наменети за оценување.
Периодот на реализација на Програма „Негувател/ка на стари и изнемоштени лица“ е 4 месеци. По успешно завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат „Негувател/ка на стари и изнемоштени лица“. |
Резултати од програма
- Изработува план и поставува приоритети за работа - Правилно извршува работни задачи според временски распоред. -Препознава и разрешава стресни ситуации - Препознава информација од доверлив и недоверлив карактер и постапува согласност етичките принципи - Почитува кодекс и прописи за соодветен изглед и однесување - Познава и спроведува постапки пропишани за самозаштита и заштита. - Применува основни здравствени етички принципи -Применува принципи на Црвен Крст при работата. -Познава поместување ,завртување на болен во кревет -Менување на постелина кај неподвижни лица - Правилно употребува потребен материјал за лична хигиена - Спроведува техники за одржување на лична хигиена на корисниците - Помага во секојдневна рутина на корисници (облекување, капење, земање оброци) - Индентификува физиолошки потреби, помага за време на нивно извршување земајќи ги во предвид достоинството на корисникот - Планира и набавува средства за хигиена, чистење и дезинфекција според потреби на корисникот и инструкции од стручни лица - Одржува хигиена во домот со хигиенски средтва, отстранува отпад/рециклира и познава дезинфекција - Употребува уреди за регулирање на температура на воздухот во внатрешни простории, се грижи за микроуслови во домот. - Изготвува листа и врши набавка на намирници за потребите во домот и прехранбени продукти за корисникот - Употребува методи за подготовка на здрава исхрана според лекарски упатства - Применува техники за асистирање при хранење на стари и немоќни лица - Учествува во промоција на здравје и превенција на болести кај стари и немоќни лица. - Идентификува физиолошки нарушувања, здравствени проблеми и потреби. - Информира стручно лице (лекар, медицинска сестра) за здравствени промени кај стари и немоќни лица. - Учествува во активности за спречување на болест по налог од медицинско лице - Познава, организира и обсервира земање на медикаментозна терапија на лицето, препишана од лекар - Познава одговорност за важност од навремено и непречено користење на препишана терапија. - Познава здравствени ризици на работното место и ги превенира -Применува техники за мобилизација, позиционирање, грижа и одржување на медицински помагала - Поседува основни знаења за мерење на витални параметри (телесна температура,пулс,дишење,крвен притисок ) - Знае да управува со медицински инструменти потребни за мерење на витални параметри - Информира стручен медицински персонал за промени во витални параметри -Поседува основни знаења за излачевини (урина,фецес,спутум и повратени маси) - Проценува и контролира сопствена реакција при соопшување на резултати од витални параметри - Применува знаења за прва помош при различни услови конкретно поврзани со стари и немоќни лица - Користи и спроведува мерки за прва помош со стандардни и импровизирани средства,. - Препознава оштетувања и промени во физичката способност кај стари и изнемоштени лица. -Превенира и санира компликации заради долга неподвижност на корисникот (контрактура, декубитус, кардио-пулмонални проблеми ,тромбоза) - Делува тимски се координира и останува лојален |
- Диференцира фази на живот и физиологија на старост -Спроведува палијативна нега и овозможува корисникот да го заврши својот живот достоинствено -Комуницира со стручни лица и членови од блиското опкружување на старо и немоќно лице -Идентификува институционална и вонинституционална социјална заштита и видови на услуги -Распознава форми на насилство и дискриминација и соодветно се справува со нив -Учествув а во социјализација и ресоцијализација на корсникот Контактира со потесното семејство и дава информации од социјален аспект -Применува различни форми на комуникација - Настапува доверливо и емпатиски кон корисникоот -Воспоставува меѓусебна почит и комуникација со корисникот - Соодветно се справува во случај на конфликт - Настапува доверливо и емпатиски кон корисникоот -Воспоставува меѓусебна почит и комуникација со корисникот - Соодветно се справува во случај на конфликт - Делува тимски се координира и останува лојален |
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 90 | 30 |
Пракса | 190 | 63 |
Оценување | 20 | 7 |
Вкупен број на часови | 300 |