Përshkrimi I programës
Rezultatet e programës
(Mk) Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:
- Реципиентот знае за основи и етички начела во геронтологија, процесот на стареење и однос негувателка стари лица
- Познава, подготвува материјал и применува техники за утринска тоалета,миење и бањање на стари лица,местење на кревети кај изнемоштени и неподвижни лица како и менување на болничка постела и болничка облека
- Познава дезинфекција и стерилизација
- Познава и применува постапка за отстранување на отпадни материи и излачевини и промени кај нив (со цел спречување на интрахоспитални инфекции)
- забележува појава на физички неудобности кај пациентот
- применува превентивни мерки кај декубитус, тромбоза,несвестица и контрактури
- препознава симптоми и принципи на палијативната нега при заболувања на (кардиоваскуларен систем, дигестивен систем, уринарен систем, коскено зглобен систем, мозочен удар, шеќерна болест и малигни болести)
- применува правилен транспорт на лицата во зависност од нивната здравствена состојба,
- асистира при спроведување на имобилизација и транспорт на стари лица
- познава на принцип за правилна реанимација на стари лица
- ги познава целите на физикалната терапија и да ги идентификува потребите на старите лица од потребата на физикалниот третман
- дефинира и забележува знаци на нарушени витални функции
- значењето од природна и здрава исхрана
- познава диеталната исхрана и диетотерапијата
- идентификува видови на диети
- применува техника на исхрана на болни кои се хранат со вештачка исхрана
- идентификува облици на лекови
- познава апликација инсулинска терапија
- негува позитивен позитивен однос кон болниот и грижа за правилно и навремено земање терапија
- учествува во организација на предавања, трибини од разни области почитувајки го одмор и разонода на старите лица
- применува конкретен однос со посетителите на старите лица напомнувајќи им го куќниот ред
- препознае знаци на умирање
- постапува соодветно со пациентот на умирање и применува соодветни постапки со умрениот
Kriteret për hyrje në programë
(Mk) За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:
-Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис.
-Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.
-Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 75 | 30 |
Praktikë | 150 | 60 |
Vlerësim | 25 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 250 |
0 STUDENTS ENROLLED