Опис на програма
Главна цел Програмата развива знаења и вештини кои ќе му овозможат самостојно да се грижа за здравјето и безбедноста на дете до 14-годишна возраст организирана е во два дела теоретски и практичен дел кои ќе овозможат кандидатот да биде во состојба да :
• комуницира со децата, родителите и соработниците на соодветен начин,
• се грижи за емоционалниот, физичкиот , интелектуалниот и социјалниот развој на детето,
• се грижи за балансирана, разновидна и здрава исхрана на детето,
• грижи за одржување на хигиената и соодветно облекување на дете од 0 до 14 годишна возраст,
• организира игра, рекреација и забава за децата,
• безбедува успешно следење на училишните обврски и други активности според насоките од родителите на детето
• применува правила на заштита при работа, заштита од пожар и прва помош.
Постигнатите занења и вештини водат до стекнување на сертификат „ Негувател/ка на деца “.
Времетраењето на програмата е од три до шест месеци, односно 360 часа од кои 140 часа теоретска обука, 200 часа се практична обука во реални работни услови и 20 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница.
Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Негувател/ка на деца“
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 30 |
Пракса | 210 | 60 |
Оценување | 35 | 10 |
Вкупен број на часови | 360 |