Опис на програма
Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаење, вештини и компетенции за профилот
Негувател/ка на деца со попречености. Учесникот ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената Работа самостојно во домот на детето. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со попречености, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината. Обуката е одговорна и многу хумана работа во времетраење од 200 часови,и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 62 часа.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
- завршено средно образование
- најмалку 18годишна возраст
- психофизички способен за работа
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 62 | |
Пракса | 138 | |
Оценување | ||
Вкупен број на часови | 200 |