Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на графичкиот и веб дизајн.

Учесниците на оваа програма ќе се оспособат за самостојно користење на програмите за графички и веб дизајн. Ќе научат да изработуваат графички решенија за визит, карти, логоа,меморандуми, постери, флаери и друг рекламен материјал во печатена форма или во дигитална форма за социјалните мрежи. Ќе се оспособат да одржуваат веб страни: да додаваат, менуваат и бришат содржини, да додаваат и менуваат банери, да го менуваат изгледот на постоечката веб страна со цел да ја направат попрегледна и поатрактивна.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Целата обука е конципирана како една сеопфатна практична работа во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на графичкиот и веб дизајн, практично ќе изработат голем број на графички решенија.

Времетраење на програмата е 140 часа: 64 часа се посветени на теоретска настава, 64 часа се практична обука, а 12 часа се посветени на оценување.

Целокупната обука (теоретската и практичната) ќе се одвива во компјутерска училница, која ќе биде опремена со компјутери и соодветни програми кои се потребни за следење на наставата.
Ќе се изработат голем број практични вежби осмислени за потребите на програмата.
Учесниците, цело време ќе работат практично.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиот дел) и тестови со практични вежби кои се изработуваат директно на компјутер (на практичниот дел).

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ОПЕРАТОР ЗА ГРАФИЧКИ И ВЕБ ДИЗАЈН“.

Резултати од програма

По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да:   - Самостојно  изработува графички решенија за визит карти со примена на Adobe Illustrator - Изработува графички решенија за лого и  меморандум со примена на Adobe Illustrator - Изработува рекламен материјал (флаери, постери, билбоарди...) со примена на Adobe Illustrator - Изработува рекламен материјал во дигитална форма за социјалните мрежи - Ги користи програмите за  веб дизајн - Да додава, менува и брише содржина на постоечка веб страна - Да поставува банери на постоечка веб страна - Да го уредува (менува) изгледот на постоечка веб страна со цел да биде попрегледна, поатрактивна и поажурна

Критериуми за влез во програмата

 - Завршено средно образование  
 

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 45
Пракса 64 45
Оценување 12 8
Вкупен број на часови 140
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support