Опис на програма

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за проектирање, изведба и одржување на персонални компјутери и компјутерски мрежи во функција на понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на персоналните компјутери и компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање, составување и инсталација на нови персонални компјутери и компјутерски мрежи, како и нивно одржување, вклучувајќи ја дефектажата и отстранувањето на дефектите во нив.

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 250 часа, кои може да се реализираат со динамика од 5х4 часа неделно, така што планираните содржини од Програмата би се реализирале за период од околу 3 месеци.

Со цел да се формираат компактни групи, во припремната фаза за реализација на програмата, најпрво се утврдуваат претходните знаења на учесниците, според кои истите се групираат.

Програмата опфаќа содржини од две области: „Хардвер и компјутерски мрежи“ и „Оперативни системи“. Во нејзините рамки ќе се изучуваат: составните делови на персоналните компјутери и компјутерските мрежи, компјутерски периферии, одржување на лаптопи и мобилни уреди, дефектажа и отстранување на дефекти кај персонални компјутери, компјутерски мрежи, лаптопи и мобилни уреди, основи и администрација на оперативните системи Windows 11, 10/8/8.1/7, macOS, LINUX, безбедност, дефектажа и отстранување на дефекти во работата на оперативните системи, водење на документација, безбедност при работа и заштита на околината.

Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата:

– ќе се реализира формативно следење кое вклучува изработка и водење на портфолио на учесниците:

– собирање на показатели (изработени задачи на компјутер, реализирани практични задачи) за секој ученик посебно;

–   тековни (формативни) однапред подготвени евалвациони листи за секој учесник.

– ќе се следи редовност на учесниците, активност на часот, исполнителност при  изработка на домашни задачи, практичните вежби и постигнувањата на контролните тестови.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Оние со редовност од над 70% од планираниот фонд на часови, во зависност од постигнатиот резултат на завршниот испит, ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ПОДРШКА НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ или само Потврда за посетување на обуката.

Учесниците ќе добијат одлична основа за:

– понатамошно напредување и надоградба на знаењата во областите: компјутерски мрежи, компјутерска безбедност, работа со сервери, Cloud технологии, Cybersecurity и сл.

–  да се вклучат на пазарот на трудот,

–  да работат во фирма или хонорарно,

–  да работат на проекти за странски фирми или во сопственa трговско-сервисерска фирма.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесниот во програмата ќе може да се запише ако има: - завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 11/10/8/7 + Internet.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 148
No instructions found !
Пракса 94
No instructions found !
Оценување 8
No instructions found !
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support