Опис на програма
Програмата дава можност учесниците да се стекне со знаења, вештини и компетенции за да управуваат со струг и глодалка. Програмата е со времетраење од 370 часа, и се состои од стручно теоретски содржини и практична примена на стекнатите знаења во современо опремена училница – кабинет со програма за симулации, така што овозможува учесниците во програмата да развијат способности за успешно ракување со компјутерско управувани машини и користење на готови компјутерски програми и интегрирани околини за програмирање. Со стекнување на овие вештини во иднина на Учесниците ќе им овозможи успешен професионален развој. Оспособеноста на учесниците за користење на компјутерите и компјутерските програми ќе им овозможи и олеснување во процесот на работа и учење низ работата, како и нивно вклучување во процесот на новите предизвици на животот. Изборот на програмските подрачја и содржини кај учесниците ќе развие продлабочено логично расудување и ќе ги оспособи творечки да пристапуваат кон решавање на различни проблеми во реалноста и изработката на најразлични делови на универзален и CNC струг и глодалка.
По завршувањето на Програмата се полага завршен испит пред комисија со цел да се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршената проверка учесниците се стекнуваат со сертификат за Програмер – Oператор на струг и глодалка.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 100 | |
Пракса | 250 | |
Оценување | 20 | |
Вкупен број на часови | 370 |