Опис на програма
Програмата “Развивање на комуникациски вештини” е насочена кон оспособување на лицата за личен раст и развој, за зголемување на свесноста и препознавање на сопствените капацитети, за развивање на свесност и контакт со себе, развивање комуникациски вештини со другите, поголема самоподршка, поголема верба во сопствените капацитети и искористување на сопствените капацитети на персонално и професионално ниво.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: се осознае самиот себеси, да применува вештини во комуникација со другите во заедницата и на работното место, да научи да толерира и културно да се однесува, да се почитува себе и да ги почитува другите, да применува разни стилови на комуникација, да се изложува и презентира според сопствените компетенции и стручност.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат сигурност во себе, да веруваат во себе и да умееат да се изложат на пазарот на трудот, според своите компетенции и професионалност, да бидат успешни и задоволни.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и акредитиран сертификат од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за комуникациски вештини.
Времетраењето на програмата е 50 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-второ ниво.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: биде со поголема сигурност во себе, да веруват во себе и да умее да се изложи на пазарот на трудот, со сигурност да ги покаже своите компетенции и професионалност, да има добра комуникација и со себе и со другите, да знае да толерира и комуницира.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 20 |
Пракса | 35 | 70 |
Оценување | 5 | 10 |
Вкупен број на часови | 50 |