Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување на учесникот да стекнезнаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со виљушкар и управување на виљушкарот на работното место.
Програмата преку предвидената реализацијатаза практична и теоретска обука води до стекнување на Сертификат насловен како „Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на виљушкар“.
Планирано е тримесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 205 часа од кои 60 часа се за теоретска обука, 130 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови, 13 часа се наменети за оценувањето и 2 часа за самоевалуација. Предвидено е теоретскиот дел да се изведува од 2 до 3 пати во неделата, а практичниот дел ќе се изведува во реални услови, работилница или погон под надзор. Теоретската обука се одвива во училници или кабинети под менторство на професор а практичната обука ќе се изведува во реална компанија, учесниците ќе бидат под менторство на професор и ментор вработен во компанијата.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа со виљушкар, ќе стекне работни навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита при работа, ќе развие правилен однос и грижа како за сопственото здравје и безбедност така и за другите лица, ќе развие свест за правилен однос кон машините, алатите, опремата и стручна подготвка на виљушкарот, прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со виљушкар како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, превентивно ќе го одржува виљушкарот во исправна состојба и ќе ги познава правата и обврските од работниот однос. Постигањата на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењата, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини. После завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на виљушкар“ по верифицирана програма од I ниво.
Програмата на учесниците овозможува вертикална проодност за II ниво.
Резултати од програма
- ја планира, подготвува и организира својата работа;
- ја планира, подготвува и врши манипулација и преместување на стоката со виљушкарот;
- врши безбедно поставување, обесување, кревање, задржување, поместување и спуштање на товарот;
- изврши проверка и подготовка за контрола на исправноста за пуштање на виљушкарот во употреба;
- применува прописи за заштита при работа;
- применува прописи за користење на мотористиката и пријавување неисправности на виљушкарот;
- ги разликува механизмите и типовите на виљушкари во зависност од тоа каков погон користат;
- го објаснува начинот на функционирање на моторот на виљушкарот;
- ги користипрописите за одржување на виљушкарот и неговата опрема во исправна состојба;
- ги познава својствата на материјалите кои се предмет на транспорт и ги препознава опасните материи;
- чита ознаки на стоката на амбалажата;
- работи тимски
- користи компјутерската опрема;
- применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.
Критериуми за влез во програмата
- да има завршенонајмалкусредно образование;
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 29 |
Пракса | 130 | 62 |
Оценување | 13 | 6 |
Вкупен број на часови | 205 |