Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со виљушкар и манипулација со различни видови стоки.
Времетраењето на програмата е 160 часа од кои 32 часа теоретска обука, 112 часа се практична обука во реални работни услови и 16 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училници и кабинети со потребна современа опрема за изведување на настава.Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.
Учесникот со програмата ќе се оспособи да планира, организира и извршува работни задачи за транспорт на стока со различни видови виљушкари, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт; да ги одржува во исправна состојба виљушкарите; да манипулира со опасните материи; познава ознаките на амбалажата на стоката; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ги познава правата од работен однос и можности за отварање и водење на мал бизнис,
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на виљушкар“.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 32 | 20 |
Пракса | 112 | 70 |
Оценување | 1686400 | 10 |
Вкупен број на часови | 160 |