Опис на програма
Програмата за обука на Ракувач на компјутерско управувани машини претставува посебна програма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240(160+80) единици за обука.
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења предвидени во содржината на предметите.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за практична примена на постапките за управување на металорезачките машини,дефинирање и избор на параметрите, самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.
По успешно завршување на обуката кандидатот се стекнува со сертификат за Ракувач на компјутерски управувани машини
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 17 |
Пракса | 185 | 77 |
Оценување | 15 | 6 |
Вкупен број на часови | 240 |