Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување на учесникот преку стекнување знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со мостен кран и управување на мостен кран на работното место.
Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на сертификат насловен како „Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на мостен кран“.
Планирано е тримесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 205 часа од кои 60 часа се за теоретска настава, 130 часа се за практична обука, 13 часа се наменети за оценувањето и 2 часа за самоевалуација.
Предвидено е теоретскиот дел да се изведува во простории-училници од 2 до 3 пати во неделата, а практичниот дел ќе се изведува во реални услови, работилница или погон под надзор. Теоретската настава се одвива училници или кабинети под менторство на професор а практичната обука ќе се изведува во реални услови во компанија.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа за ракување и управување со мостен кран, ќе стекне работни навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита при работа, ќе развие правилен однос и грижа како за сопственото здравје и безбедност така и за другите лица, ќе развие свест за правилен однос кон машините, алатите, опремата и стручна подготвка на мостниот кран, прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со мостен кран како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, превентивно ќе го одржува мостниот кран во исправна состојба и ќе ги познава правата и обврските од работниот однос. Проверување на постигањата на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењата, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со “Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на мостен кран“ по верифицирана програма од I ниво.
Програмата на учесниците овозможува вертикална проодност за II ниво.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 29 | 29 |
Пракса | 130 | 64 |
Оценување | 13 | 6 |
Вкупен број на часови | 205 |