Опис на програма
Оваа програма овозможува оспособување на кандидатите за ракувачи на градежна механизација во површинска експлоатација да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со машините на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат. „Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација“
Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 280 часа од кои 64 часа се за теоретска обука, 184 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 32 часа се наменети за оценувањето.
Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет, а практичната обука ќе се изведува во реална компанија, Кандидатите ќе бидат под менторство на професор и ментор вработен во компанијата. Кандидатите кои успешно ќе ја завршат програмата, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со машини од градежна механизација во површинска експлоатација, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе научат да ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе научат да се грижат како за сопствената безбедност така и за другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со градежната механизација во површинска експлоатација, како што се: изведба на земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракување и управување со градежна механизација за земјени работи на терен; изведба на ископ, депонирање ископан материјал, рамнење, набивање, распостелување, мешање, товарање, чистење снег, користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, ќе познаваат права од работни односи, работна етика, сопствен бизнис, ќе развијат свест за превентивно одржување на машините во исправна состојба.
По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација“
Резултати од програма
Кандидатите за ракувачи со машини од градежна механизација за површинска експлоатација по завршувањето на обуката ќе се оспособат да: |
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 64 | 23 |
Пракса | 184 | 66 |
Оценување | 32 | 11 |
Вкупен број на часови | 280 |