Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Рецепционер. Програмата е составена од шест тематски целини кои ќе му помогнат на учесникот да стекне знаење и комуникациски вештини потребни за извршување на оперативните и административните активности поврзани со работното место Рецепционер. Според наставниот план обуката трае 220 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Рецепционер.
Резултати од програма
По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
- планира и организира работно место;
- подготвува и испраќа дневни, месечни и годишни планови и налози за работа;
- подготвува дневен план на активности;
- прима резервација за вид на соба, период на користење на услуга и вид на услуга;
- презентира и нуди специјални понуди и услуги кои ги нуди хотелот;
- комуницира со гости според правила на модерна комуникација;
- организира пречекување и пријава на гости;
- информира и советува гости за хотелските услуги како и културни, забавни и спортски активности во градот и околината;
- презентира пропаганден материјал;
- отвора, составува и затвора хотелска и собна сметка;
- пресметува и наплатува пансионски и вонпансионски услуги;
- воспоставува градски, национални и меѓународни телефонски врски по барање на гостинот;
- прима, евидентира и доставува пораки за гостите;
- организира испраќање и одјавување на гости;
- подготвува и води работна документација, извештаи и прегледи;
- интегрира туристичко – угостителски узанси во деловната соработка со клиентите;
- почитува рокови за реализација на преземените обврски кон клиентите и деловните партнери;
- применува култура на говор и однесување;
- координира активности на другите одделенија во хотелот.
- избере соодветен начин на комуникација при решавање на конфликти;
Критериуми за влез во програмата
Завршено минимум основно образование. Не е потребно да се поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Кандидатите треба да бидат постари од 17 години
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 55 | 25 |
Пракса | 150 | 68 |
Оценување | 15 | 7 |
Вкупен број на часови | 220 |
0 STUDENTS ENROLLED