Опис на програма

Програмата “Службеник во книговодство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни, практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти, практична работа – вежби и на завршниот испит..

Структурата на програмата за “Службеник во книговодство” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична обука и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на курсот. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

  1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со работни маси за секој учесни компјутери со сметководствен програм за секој учесник , интернет, аудио и видео опрема и сл.
  2. Практичната обука ќе се реализира во современо опремена канцеларија со компјутери со инсталиран сметководствен програм каде секоја наставна целина паралено со теоретскиот дел ке се работи и на сметководствен програм на компјутер, кандидатите ке добијат работни материјали со кои  вистински се срекаваат во праксата и истите ке ги книжат во сметково дствен програм инсталиран на компјутер,

Со кандидатите  во теоретскит и практичниот дел ќе работат Сметководители- Професор  со повеќегодишно  практично работно  искуство, со завршено високо образование,  VII/1 степен, дипломиран економист

  1. Завршен испит или проверка на постигањата на кандидатите.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука за што се води портфолио за секој кандидат индивидуално, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Структурата на програмата за “Службеник во книговодство” е следна: теоретски дел, практична работа со компјутери и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Кандидатот кој  успешно ќе заврши ниво од програмата се  здобива со сертификат за познавање на работа во книговодство.

Резултати од програма

По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да:  
  • ги познава основните принципи и постапки во сметководствената теорија и практика;
  • дефинира и објаснува поимот сметководство како основен извор на информации;
  • разбира и толкува сметководствен настан и сметка;
  • наведува сметки од сметковниот план;
  • претставува примери со примена на сметки од сметковниот план;
  • евидентира постојани (нетековни средства);
  • евидентира готовински и безготовинскиот платен промет;
  • толкува побарувања настанати по различни основи;
  • разбира за значењето на суровините и материјалите;
  • демонстрира обврски на претпријатието;
  • препознава номиниран од неноминиран капитал на претприејатието;
  • ја распознава набавката на суровини и материјали, резервни делови и ситен инвентар;
  • илустрира производство на готови производи;
  • препознава преносот на готовите производи од магацин во продавница;
  • евидентира набавка и продажба на трговските стоки во земјата и странство;
  • ја разликува постапката за продажба на трговските стоки на големо и мало;
  • знае да препознава документи за увоз и извоз и др.
  • демонстрира со примери изработка на финансиски извештаи;
  • препознава средства од извори на средства;
  • разликува материјални од нематеријални трошоци;
  • знае да разликува трошок и расход;

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: средно образование и возраст од најмалку 17 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 32 30
Пракса 65 60
Оценување 11 10
Вкупен број на часови 108
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support