Опис на програма

Посебната програма за стекнување на квалификации за занимањето сметководител е конципирана за да ги обучи кандидатите за:

  • Водење книговодствена евиденција;
  • Изработка на финансиски извештаи;
  • Користење на софтвер за финансиско сметководство;
  • Користење на софтвер за материјално сметководтво;
  • Изработка на сметководствени планови.

Програмата е конципирана од три модули. Првиот модул опфаќа обука за книговодствена евиденција на економските трансакции и изработка на финансиски извештаи.

Вториот модул опфаќа обука за користење на софтвер за материјално сметководство и финансиско сметководство, кој е од отворен тип и учесниците може да го користат неограничено и по завршувањето на курсот.

Tретиот модул опфаќа обука за сметководствено планирање.

Програмата ќе трае 3 и пол месеци, а часовите ќе се одржуваат 3 пати неделно.

Успешното завршување на оваа програма ќе ја зголеми конкурентноста на учесниците на берзата на трудот за работните места од областа на сметководството и сметководственото планирање.

Резултати од програма

Учесниците кои успешно ќе ја завршат програмата ќе бидат оспособени за:
  • Подготовка и контрола на исправноста на сметководствените документи;
  • Познавање на официјалниот сметководствен план;
  • Познавање на инструментите на платниот промет;
  • Книговодствена евиденција на набавките, продажбите и ДДВ-то;
  • Книговодствена евиденција на банкарските изводи (наплати и исплати);
  • Книговодствена евиденција на обврските по кредити;
  • Пресметката и книговодствена евиденција на плата;
  • Примена на методите за вреднување на залихите односно утврдување на трошоците за продадени производи и услуги;
  • Познавање на различните начини на пресметка на амортизацијата и книговодствена евиденција на амортизацијата;
  • Книговодствена евиденција на капиталот и финансискиот резултат.
  • Книговодствена евиденција на временските разграничувања;
  • Изработка на ДДВ пресметка;
  • Изработка на биланс на успех;
  • Изработка на биланс на состојба;
  • Изработка на извештај за парични текови;
  • Изработка на проформа финансиски извештаи;
  • Познавање на софтвер за финансиско сметководство;
Познавање на софтвер за материјално сметководство

Критериуми за влез во програмата

  • Минимум 17 годишна возраст;
  • Минимум средно четиригодишно образование;
  • Основни познавања за компјутерско работење.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support