Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат вештини за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со канцелариското и архивското работење во една компанија. Според наставниот план обуката трае 50 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за стекнати вештини за канцелариско и архивско работење.
Резултати од програма
По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
- го организира работното место согласно начелата на канцелариско работење;
- разликува основни акти во канцелариско работење;
- го применува и работи согласно Законот за архивски материјал;
- го применува и работи согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење;
- користи системи на класификација и брзо пребарување во евиденции во хартиена и електронска форма;
- професионално комуницира со странки согласно начела на соодветен прием и однос;
- спроведува кодекс на етика и етичност во работењето;
- спроведува работни задачи во рамките на канцелариските служби;
- архивира, средува и издава документи во хартиена и во електронска форма;
- одбира и евидентира архивски материјал;
- предава јавен архивски материјал во Државен архив на Република Македонија;
Критериуми за влез во програмата
Завршено минимум средно образование а повисок степен на образование ќе се смета за предност. Не е потребно да поседуваат претходни знаења и вештини од оваа област. Повисок степен на образование ќе се смета за предност при уписот. Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 30 |
Пракса | 30 | 60 |
Оценување | 5 | 10 |
Вкупен број на часови | 50 |
0 STUDENTS ENROLLED