Опис на програма

Програмата за работно оспособување за Столар – изработувач и монтажер на плочест мебел претставува модуларна обука која содржи вкупно 120 часови, од кои 30% теоретска настава (36 часа) и 70% практична настава (78 часа) со проверка на стекнатите знаења (6 часа). Теоретскиот дел ќе се реализира во соодветна просторија во Институтот за развој на заедницата – Тетово, додека практичниот дел ќе се спроведува во опремена столарска работилница за производство на плочест мебел. Во практичниот дел ќе се реализира наставната програма по практична настава преку стручен обучувач со кој ИРЗ склучува договор за соработка.
Времетраењето на обуката е 6 недели и 2 недели практична работа во реални услови кај работодавач – во претпријатие. Програмата ќе се реализира преку 6 модуларни единици, и тоа: 1. Познавање на материјалите – 5 часа; 2. Алати, машини и уреди за изработка и монтирање на плочест мебел со заштита при работа – 10 часа; 3. Дрвни конструкции на плочест мебел – 6 часа; 4. Технологија на изработка и монтирање на плочест мебел – 10 часа; 5. Претприемништво и бизнис – 5 часа и 6. Практична настава – 78 часа + 6 часа се предвидени за оценување т.е. полагање на завршниот испит. Завршниот испит се полага преку практична изработка на производи пред трочлена комисија. Програмата е наменета за работноспособни лица со завршено најмалку основно образование, не помлади од 17 години, со афинитети кон столарството, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд. Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини да изработуваат и монтираат мебел од разни видови на дрвени плочи, како што се: кујни, комоди, плакари и тн. Програмата ќе биде реализирана од Дипл. инж. по дрвна индустрија. Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени анкети на почетокот и на крајот од реализацијата на програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници. На крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите

Резултати од програма

Учесникот ќе биде оспособен да: - чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето, - утврдува работни чекори, средства и методи на работа, - познава карактеристики на основни и помошни материјали за изработка на плочест мебел, - применува потребни основни и помошни материјали, - прима, класифицира и складира материјал, - познава и ракува со алатите, машините и уредите за изработка и монтажа на плочест мебел, - применува прописи и заштитни мерки за лична и колективна заштита, - подготвува плочи за кроење, - кантира искроени елементи, - врши бушење на елементите, - изработува профили на елементите, - избира конструктивни елементи за составување, - го контролира квалитетот на обработените елементи, - изработува и монтира корпусен мебел од оплеменети плочи, - поставува оков кај финални производи, - пакува, складира и транспортира елементи или готови производи, - согледува можности зса отварање мал бизнис и самовработување.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст најмалку од 17 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка) Дополнителни барања: дополнителни услови не се бараат  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 30
Пракса 78 65
Оценување 6 5
Вкупен број на часови 120
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support