Опис на програма

Програмата „Стратегии за активно барање работа“ е дизајниран со цел да ги подготви учесниците за планирање и организирање на стратегии за активно барање работа, со посебен акцент на идентификација на индивидуалните цели, оценка на сопствените способности, искористување на можностите за кариерен развој, анализа на пазарот на трудот и ефективно користење на алатки за барање работа.

Програмата претставува системски пристап на последователни активности кои невработените лица треба да ги преземаат при активно барање работа. Секоја пединечна активност е поддржана со практични алатки за активно барање работа и содржи информации и знаење на темата, практични примери, изработка на вежби и симулации кои ќе му користат на учесникот да биде подготвен за аплицирање за работно место, презентација на сопствените знаења и вештини и како да ги користи расположивите начини и алатки за барање работа.

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за вреднување на сопствениот потенцијал и користење разни алатки во процесот на активно барање работа. Преку програмата учесникот ќе се оспособи за примена на сопствени стратегии и планирање на вработувањето, за тоа како да ја подготви својата биографија,  писмо на мотивација за аплицирање на одредено работно место, како да се подготви за интервју, како да се презентира себеси, своите знаења, вештини и компетенции при аплицирање за одреддно работно место, да ги унапреди сопствените комуникациски вештини, како да работи на развивање на своите вештини и можности за развој на кариерата, да ја зголеми својата самодоверба и сл. Програмата ќе му овозможи на учесникот да ги совлада методите на активно барање работа преку разни медиуми, како објавени огласи во пишани и социјални медиуми (on-line сервисот на АВРМ), користење на разни социјални мрежи (Facebook, Twiter, LinkedIn и други), web cities на фирми, саеми за работа и слично.

Времетраењето на програмата е  47 училишни часа. Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на учесникот организирани во практични примери и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и симулација на интервју и други случаи на барање работа, презентација од страна на учесниците на одредени теми.

Резултати од програма

По завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • ги оцени сопствените способности, вештини и компетенции
  • идентификува адекватни барања на пазарот на трудот
  • пишува CV прилагодено на барањата на работното место
  • пишува ефективни и концизни мотивациски писма
  • се подготви за интервју
  • користи професионални мрежи на пазарот на трудот кои ќе му користат во процесот на барање работа
  • се презентира себеси на професионален начин
  • користи разни алатки и медиуми за активно барање работа
По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да развие стратегии и планови за барање работа соодветна на неговите занења, вештини и компетенции.

Критериуми за влез во програмата

Кандидатите треба да бидат постари од 18 години Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование) Интерес за стекнување на знаење за развивање стратегии за активно барање работа.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 16 33
Пракса 28 60
Оценување 3 7
Вкупен број на часови 47
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support