Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники и режими при ТИГ заварување како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификати „ТИГ заварувач“.
Времетраењето на програмата е 480 часа од кои 90 часа теоретска обука, 350 часа се практична обука во реални работни услови и 40 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на обучувач од Брако ДОО а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “ТИГ заварувач“.
Резултати од програма
- ја организира својата работа;
- ги почитува мерките за рационално користење струја, материјал и време;
- применува прописи за добра производна пракса;
- применува прописи за заштита при работа;
- применува прописи за квалитет на влезните суровини и користење на истите во производот;
- разликува технолошки постапки за заварување;
- применува режим на заварување;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 90 | 19 |
Пракса | 350 | 73 |
Оценување | 40 | 8 |
Вкупен број на часови | 480 |