Опис на програма

Програмата за обука на Филигранист е дизајнирана врз основа на концептот за доживотно учење, односно потребата од постојано стекнување и развивање на нови компетенции кај младите и возрасните, е во корелација со политиките на Владата на Република Македонија и Стратегијата за претприемништво и иновации, која ќе придонесе за зголемување на вработеноста и вработливоста на младите и возрасните во РМ, зголему вање на самовработувањето, поголема ефикасност и ефективност на работните места, мобилност на работна-та сила, препознатливост на квалификациите во европските земји, стекнување на почит од семејството, заедницата, самопочит и самодоверба, повисок социјален статус во заедницата, активна вклученост во заедницата и тн.
Теоретскиот и практичниот дел од Програмата, ќе се реализира во просториите на Занаетчиската комора, Скопје.
Програмата содржи вкупно 550 часови од кои 160 теоретска настава, 380 практична настава и 10 часа про верка на стекнатите компетенции.Теоретската настава и практичната обука, усните и писмените проверки на знаења, вреднувањето на вештините стекнати преку практичната настава ќе се реализираат во просториите на Занаетчиската комора, Скопје.
Програмата содржи четири тематски целини за теоретска настава преку кои учесникот ќе стекне знаења за изработка на накит во филигранска техника, практична настава преку која учесникот ќе ги операционализира стекнатите знаења од четирите тематски целини, односно ќе изработува накит.
По завршувањето на програмата учесникот ќе полага завршен испит пред тричлена комисија. По успешно положениот завршен испит, учесникот се стекнува со сертификат за работно оспособување за занимањето Филигранист,
Филигранистот може да се вработи во компании за производство на накит, да отвори самостоен дуќан за изра ботка на накит или да се вработи кај занаетчија.

Резултати од програма

Учесниците ќе бидат способни да: - читаат цртежи, изработуваат шаблони и да даваат описи на работните задачи од областа на занимањето; - планираат, подготвуваат, изведуваат работи и вршат проверка на квалитетот на извршените работи; - ракуваат со алати и уреди за изработка, монтирање, корекција, гравирање и одржување на накит; - одржуваат техничка исправност на алати, уреди и прибор за работа; - подготвуваат материјали за топење, извлекување, обработување, изготвување, лемење, брусење, поста- вување и составување на елементи; - изработуваат, поправаат и вградуваат филигрански производи; - контролираат квалитет на направени или поправени производи и понатамошно прилагодување; - одржуваат и гравираат сите видови на накит; - вградуваат скапоцени и украсни камења во накит; - познаваат грешки на накит и накит производи, методи и техники на поправка; - пакуваат, складираат и соодветно чуваат филигрантски производи; - подготвуваат дневни извештаи за производите и прават основни пресметки за чинење на производот; - почитуваат принципи на естетика и обликување на производите; - ги почитуваат ХТЗ и ППЗ стандардите; - комуницираат со вработените, странките и нарачателите;

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба да: - имаат завршено основно или средно образование - бидат државјани на Р. Македонија - не бидат помлади од 15 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 160 29
Пракса 380 69
Оценување 10 2
Вкупен број на часови 550
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support