Опис на програма
Курсот е наменет за возрасни слушатели со покажано основно знаење на ниво А2 за да влезат во петти степен.
- Од тематски аспект: штетни влијанија: бучава и чад. деликтно однесување и реакции на таквото однесување, живот во своето маало: полемики и цивилно однесување, интернет генерација, технолошки иновации, работилници за писмено творење: французите и нивната страст за пишување, поетско изразување, вие и вашиот имиџ, Франција, број 1 во козметичката индустрија, естетската хирургија, политичарите и нивниот изглед.
● Од граматички аспект: причина/ последица (втор дел), партицип презент со описно/ причинско значење, pour+ inf. Passé, минат кондиционал( conditionnel passé), допусни реченици ( bien que+subj, pourtant, cependant,), коњуктивен начин во давање суд, безличните изрази со subjonctif / infinitif, прашални заменки, сложени односни заменки, присвојни заменки.
Резултати од програма
По завршување на програмата учесникот ќе знае да: разбере аргументи, коментари на актуелен настан , изрази поплака, разбере и состави формално писмо, изрази негодување, се наврати на минат настан како причина, изрази замерка, искаже свое мислење како и пренесе туѓо мислење за некоја полемика, разбере главните црти на дискусија, изрази воздржност, даде свој суд, препорака и предупредување, опише предмет на иновација, писмено одговори на оглас/ побара подетални информации за некоја услуга, одбере пишана форма и состави писмо, даде совет.
Критериуми за влез во програмата
А2/2
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |
0 STUDENTS ENROLLED