Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за Фризер за жени и мажи и истата е со шестмесечно времетраење, односно 640 часа, од кои 120 часа опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е застапена со 448 часа, се изведува во фризерски салони кај реномирани фризери – мајстори Стручната теорија ја изведуваат наставници: Д-р специјалист Дерматолог, Др специјалист по медицина на трудот; наставник по претприемништво и бизнис, Магистер по менаџмент на човечки ресурси, сите со големо искуство во работа со возрасни. Во текот на наставата ќе имаат целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручнотеоретскиод дел да се доближат до учесниците. Во текот на програмата се врши проверка на постигањата на кандидатите и тоа преку усна проверка и писмена проверка – тест. Вештините се проверуваат преку демонстрации и изведби на конкретни фризерски постапки: подготовка и организација на работното место во зависност од закажаниот третман, комуникација, советување, подготовка за посакуваниот третман, изведба на постапките, миење коса, шишање, фенирање, менување на бојата, нијансирање, белеење, обликување на фризура, вметнување на делови од коса, подготвување ставки за пресметка и пресметка на услугите. По успешното завршување на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени и мажи по верифицирана програма.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 128 | 20 |
Пракса | 448 | 75 |
Оценување | 64 | 10 |
Вкупен број на часови | 640 |