Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за Фризер и истата е со тромесечно времетраење, односно 370 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во фризерски салони.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ги подготвува, организира и извршува работните задачи, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите и деловните партнери, да ги чисти и ги дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува, го подготвува клиентот за обликување на фризурата и обликува и негува коса и скалп, да комбинира и обликува производи за коса, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив, да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да развива претприемачки вештини и однесување, да ги поознава правата од работен однос и основните начела за отварање на сопствен бизнис, да применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во
согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени и мажи по верифицирана програма.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 74 | 20 |
Пракса | 259 | 70 |
Оценување | 37 | 10 |
Вкупен број на часови | 370 |