Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции зазанимањето Фризер и да се оспособи за самостијна работа во фризерски салон.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука која се изведува во простор соодветен на барањата на стандардите за простор и опрема и води до стекнување на сертификат за фризер.
Времетраењето на програмата е 175 часа од кои 35 часа се стручна теорија, 122 часа се практична обука во реални работни услови и 18 часа се наменети за оценувањено.Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за фризерство (Напреден курс и Специјализиран курс).
Резултати од програма
- организира прием на клиентот во салонот,
- идентификува средства за нега на коса,
- разликува методи за одредување на статусот на косата,
- индентификува и правилно користи приборот и средствата за работа,
- избира средства за миење на косата,
- миекоса
- изведува различни техники на масажа наскалп,
- користи основните техники на фенирање, боење, шатирање, бланширање и боење со фолии,
- применува техники за виткање на коса,
- користи основните техники на потстрижување на долга, средна и кратка коса,
- плете плетенки,
- развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење
- применува прописи за заштита при работа и заштита
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 35 | 20 |
Пракса | 122 | 70 |
Оценување | 18 | 10 |
Вкупен број на часови | 175 |