Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да биде способен да организира простор и работа во салон, подготвува клиент, мие и негува коса и скалп, потстрижува коса, обликува и фенира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира.
Начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални, демонстрирање, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усна и писмена проверка на знаења на определени тематски целини и делови од практична работа.
Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со сертификат за Фризер – основен курс.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои теорија 60 часа, пракса 120 часа и оценување 20 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.
Резултати од програма
- организира простор и работа во фризерски салон,
- подготвува работното место и клиент,
- проценува состојба на коса,
- мие и негува коса и скалп,
- потстрижува коса,
- обликува коса со различни техникии,
- подготовува коса за боење и белење,
- бои, бели и шатира коса,
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 30 |
Пракса | 120 | 60 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |