Опис на програма

Програмата “­Шивач“ – основно ниво е наменета  за работно  оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на процесот на шиење.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за “­Шивач“ – основно ниво е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
  1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, технолог- текстилна насока.
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена текстилна работилница, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за шивач е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Шивач – основен курс.

Времетраењето на програмата е 3 месеци или 12 недели, со вкупно  200 часа.

Програмата нуди можност за вертикална проодност.

Резултати од програма

По совладување на посебната програма  „ Шивач“-основно ниво кандидатот ќе  биде оспособен да:
  • организира простор и работа во шивачки салон или фабрика,
  • подготвува работното место,
  • идентификува делови на обична шивачна машина
  • ракува со машини за шиење
  • разликува и изработува различни видови на бодови
  • разликува начини на кроење и шиење
  • шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
  • правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
  • шие здолниште, блуза и панталони
  • контролира сошиен конфекциски производ,
  • поправа конфекциски производ
  • меѓуфазно пегла кројни делови
-     спроведува технолошки постапки во конфекциското производство -     применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 30
Пракса 135 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support