Опис на програма
Програмата “Шивач“ – основно ниво е наменета за работно оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на процесот на шиење.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Шивач“ – основно ниво е следна:
- стручно-теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
- Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, технолог- текстилна насока.
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена текстилна работилница, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
- Третиот дел од програмата за шивач е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Шивач – основен курс.
Времетраењето на програмата е 3 месеци или 12 недели, со вкупно 200 часа.
Програмата нуди можност за вертикална проодност.
Резултати од програма
- организира простор и работа во шивачки салон или фабрика,
- подготвува работното место,
- идентификува делови на обична шивачна машина
- ракува со машини за шиење
- разликува и изработува различни видови на бодови
- разликува начини на кроење и шиење
- шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
- правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
- шие здолниште, блуза и панталони
- контролира сошиен конфекциски производ,
- поправа конфекциски производ
- меѓуфазно пегла кројни делови
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 45 | 30 |
Пракса | 135 | 60 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |