Опис на програма
Програмата „ Шивач “ е поделена во три дела и тоа:
-стручно-теоретски дел кој се реализира преку еден модул со 40 часа
-практичен дел со два модули со 140 часа(30+110)
-завршен испит (проверување на стекнатите знаења, вештини и компетенции ) со 20 часа.
Стручно-теретскиот дел од програмата ќе се реализира во просторија училница-кабинет опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл.
Практичниот дел од програмата ќе се реализира целосно во училишна текстилна работилница, опремена со машини согласно содржината на програмата или дел во училишна текстилна работилница, а дел во компании кои ќе пројават интерес за соработка ако тоа е во интерес за поуспешно вработување на учесниците .
Обуката ќе ја изведуваат наставници по стручно теоретски предмети и практична настава со повеќегодишно работно искуство.
Завршниот испит како трет дел од програмата се состои во проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции од реализираната програма. Ќе се спроведува во училишната работилница или во компанија, пред комисија составена од наставнци кои ја изведуваа теоретската настава и практичната обука или наставници и лице-ментор од компанијата. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Шивач “
Времетраењето на програмата е 3 месеци со вкупно 200 часа.
За реализација на програмата (обуката) ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор); визуелни (демонстрирање, цртање); практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Работилницата е со добри услови за работа. Се обезбедува заштита при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите
Обуката се изведува во работни или неработни денови, согласно потребите и барањата на кандидатите.
Оценувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, портфолио од практично изработени вежби и примероци и практична работа- демонстрација на операции и постапки и преку испит.
Резултати од програма
- Кандидатот е оспособен да:
- -разликува делови и механизми на обични машини за шиење
- -разликува делови и механизми на специјални шивачки машини
- -разликува видови игли,мести игла и воведува конец во машина за шиење(обични и специјални)
- -разликува алати, уреди и средства за работа
- - применува соодветни материјали за изработка на облека во зависност од намената на облеката;
- - применува соодветни игли и конци за шиење во зависност од видот и деблината на материјалот ;
- -разликува видови на бодови и шeвови според вид на материјал за облека
- -познава составни делови на облека;
- -разликува операции по извршено кроење на облека;
- -изведува технолошки операции за составување на делови од облека според даден модел;
- -составува делови за различни видови облека(здолништа,блузи,фустани и панталони) според модел на обична шивачка машина;
- -изведува операции на специјални шивачки машини;
- -познава и применува меѓуфазно пеглање при изработка на облека
- -разликува и применува контролa во шивална – самоконтрола;
- -применува производна документација во шивална:
- -познава општи мерки и заштита при работа во индустрија за облека ;
- -воочува неправилно изведена операција на шиење
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 20 |
Пракса | 140 | 70 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |