Опис на програма
Примарната цел на програмата „Шминкер“ е насочена кон професионално оспособување на учесникот во областа на козметичките услуги за шминкање и разубавување на професионално ниво. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава во нашиот Фризерско-козметичкиот салон, како и во нашите предавални, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата. Да научи да применува различни козметички постапки и процедури. Ќе се применува стручна терминологија и учениците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.
Теоретскиот дел ќе биде реализиран од наставен кадар, согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование, додека практичниот дел ќе биде рализиран од професионален шминкер. Проверката на учесникот се изведува во текот на целата обука,како и на крај од секоја тема.
Обуката се одвива со времетраење од 3 месеци, односно 150 часови. Од кои 30 часови или 20% теоретска настава, а 105 часови или 70% практична настава, 15 часови или 10% ќе бидат искористени за испитување и проверка на знаењето.
По завршувањето на 3 месечна обука се спроведува завршен испит, и по полагањето на истиот се стекнува со сертификат за „Шминкер’’.
Резултати од програма
- Подготвува, организира и изведува работни задачи во работната средина.
- Спроведува дезинфекција и стерилизација во работната средина и на приборот за работа.
- Подготвува и идентификува соодветен алат, прибор и материјал за работа.
- Рационално ги употербува материјалите, опремата и времето.
- Врши успешна комуникација со клиентите и колегите.
- Прима, советува и подготовува клиент.
- Прави соодветен избор на техники за шминкање според барањата на клиентот.
- Прави избор на производи и помошни средства за работа.
- Изведува секојдневна шминка , специјална шминка.
- Ги изведува правилно сите етапи и редоследот во шминкањето.
- Гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив.
- Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 20 |
Пракса | 105 | 70 |
Оценување | 15 | 10 |
Вкупен број на часови | 150 |