Опис на програма
Програмата “Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на шминкање, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Шминкер” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на
постигањата на кандидатите (завршен испит).
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Шминкер.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки
нивоа-курсеви за шминкањe и сродни области.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 20 | 20 |
Пракса | 72 | 72 |
Оценување | 8 | 8 |
Вкупен број на часови | 100 |