Опис на програма
Програмата за занимањето шминкер се темели на стандард на занимање кое се стекнува преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од стручната теорија се реализираат во опремена училница/кабинет опремен да функционира и практичната обука. Практичната обука се изведува во салони за шминкање. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.
Прогамата е прилагодена според изготвен стандард на занимањето и истата дава можност учесникот во програмата да ja организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти, подготвува и изведува целна и специјална шминка, шминка тело и лице за целна и специјална шминка, комуницира со клиентите, со снимателите и со режисерот, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис почитува работната етика и морал.
По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност Шминкер. Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањa.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 20 |
Пракса | 175 | 70 |
Оценување | 25 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |