Опис на програма
Кандидатот се оспособува да ги разбере главните идеи ако се употребува јасен и стандарден јазик и ако станува збор за познати теми од областа на работата, училиштето, слободното време, итн. Може да се справи со повеќето вообичаени ситуации при патување во земјите каде што се зборува конкретниот јазик. Може да срочи едноставен, поврзан текст на теми кои му/u се познати и поврзани со областите од личен интерес. Може да опише искуства и настани, сништа, надежи и амбиции и накратко да ги образложи и објасни дадените ставови и планови.
Резултати од програма
Кандидатот е способен да ги разбере главните идеи на јасниот и стандарден говор на познати теми што редовно се среќаваат на работа, на училиште, во слободно време, итн. Може да ја разбере суштината на многу радио и ТВ емисии за актуелни настани или теми кои се од свој личен или професионален интерес, доколку се зборува релативно бавно и јасно. Може да разбере текстови кои содржат најчесто користени секојдневни зборови или јазик поврзан со својата работа. Може да го разбере описот на настаните, чувствата или желбите во лични писма. Може да се снајде во повеќето ситуации кои можат да се јават при патување во области каде се зборува јазикот. Може неподготвено да се вклучи во разговор на теми кои му се познати, кои се од личен интерес или се однесуваат на секојдневниот живот (на пр. семејство, хоби, работа, патувања и актуелни настани). Може да поврзува фрази на едноставен начин за да опише доживувања и настани, своите соништа, надежи и амбиции. ' Може накусо да ги образложи и да ги објасни своите ставови и планови. Може да раскаже приказна, содржина на книга или филм и да ги опише своите реакции. Може да напише едноставен поврзан текст на лозната тема или на тема од личен интерес. Може да пишува лични писма во кои ги опишува своите доживувања и впечатоци.
Критериуми за влез во програмата
Претходно успешно завршен А2 степен.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 48 |
Пракса | 48 | 48 |
Оценување | 2 | 4 |
Вкупен број на часови | 100 |
0 STUDENTS ENROLLED