Опис на програма
Преку програмата за работа за Ѕидарство (градежен работник – sидар)учесникот ќе биде оспособен да ги препознава и користи материјалите за припрема на малтерите, начини на нивното приготвување, алатот кој го користи, ѕидарските керамички производи (тули и камен), начин на изведување на ѕидарските работи, малтерисување и изведување на изолациони ѕидови на разни објекти. Исто така оваа програма ќе овозможи учесникот да се запознае со разните видови на ѕидови во високоградба, нискоградба и хидроградба, ќе се запознае со личните заштитни средства, нивната примена и важност. Учесникот ќе се запознае и со т.н. бројчани вештини – користење на метар за мерење, конец за обележување на ѕидови, размери и проценти за припремање на малтерот, пресметување на површини на малтерисувањето, пресметување волумен на ѕидаријата. Исто така учесникот преку оваа програма ќе научи самостојно да ѕида, бетонира, армира и изведува тесарски работи
Резултати од програма
- ги препознава и користи материјалите за подготвување малтери за ѕидање,
- ѕида ѕидови,
- малтерисува ѕидови и плафони,
- врши разни ѕидарски работи,
- соѕида ѕид според проект од материјал според описот или работниот налог,
- изработува хоризонтална и вертикална изолација,
- ги познава и користи средствата за лична заштита и
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 25 |
Пракса | 140 | 70 |
Оценување | 10 | 5 |
Вкупен број на часови | 200 |