Опис на програма
Примарната цел на програмата „Масер“е насочена кон професионално оспособување во областа на нега и масажа на тело. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата и инвентарот. Да научи да применува различни масерски постапки. Ќе се применува стручна терминологија и учениците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.
Теоретскиот дел ќе биде реализиран од наставен кадар, согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование, лекар по општа медицина, додека практичниот дел ќе биде рализиран од физиотерапевт. Оспособувањето за масер подразбира обука на која што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за масажа, ќе совлада техника нарачна масажа, масажни зафати, техника на масажа на поедини делови од телото, како и употреба на козметички препарати за масажа. За време на обуката ќе се научи што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да се изгради добар имиџ на салонот и да се оствари успешно работење.
Проверувањето на учесникот во обуката се изведува во текот на целата обука на крај од темата и на крај со завршен испит. Времетраењето на програмата е 3 месеци, односно 210 часа, од кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 часа.
По завршувањето на 3 месечна обука се спроведува завршен испит, и по полагањето на истиот се стекнува со сертификат за „Mасер’’.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 20 | 20 |
Пракса | 147 | 70 |
Оценување | 21 | 10 |
Вкупен број на часови | 210 |