Опис на програма

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 18 години да вршат нега на стари и немоќни лица во домови за стари лица или во домашни услови.

Програмата е составена од од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од програмата ќе се реализира во просториите на Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино, а практичната обука ќе се реализира во реална компанија – Дом за стари и изнемоштени лица, со претходно склучен договор за соработка каде посетителите ќе реализираат практична настава за нега на стари лица.

Програмата содржи вкупно 240 часови од кои 50 теоретска настава, 180 практична настава и 10 часа проверка на компетенциите.

Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино, додека практичниот дел ќе се спроведува во реална компанија – Дом за стари и изнемоштени лица, со која ОГУ „Неготино“ склучува договор за соработка.

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд. Бројот на една група кандидати зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 10 учесници, односно кандидатите можат да бидат поделени во групи. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.

Наставната програма ќе биде организирана во 5 наставни целини, од кои 2 се во делот на теоретската настава и 3 наставни целини како практичен дел. По завршувањето  на теоретскиот дел ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и усмена проверка, додека по завршувањето на практичниот дел ќе се спроведе постапка на практична примена од страна на учесниците. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за нега на стари и немоќни лица.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, видео презентации, дискусии во групи, основни медицински практики, практична обука.

 

Програмата ќе биде реализирана од:

–  Лице со високо образование, со завршени студии по медицина со најмалку 5 години работно искуство, кој ќе го реализира теоретскиот дел од обуката

Медицинска сестра, со најмалку 5 години работно искуство, која ќе реализира дел од практичниот дел од обуката

 – Негувател/ка од дом за стари лица, со најмалку 5 години работно искуство, кој ќе реализира дел од практичниот дел од обуката

Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.

Резултати од програма

Учесникот ќе биде способен да: - планира, подготвува  и организира работа, самостојно, во тим и под надзор на надлежно стручно лице во здравствени и социјални установи и во домашни услови, каде престојуват стари и немоќни лица; - извршува  работи  и  работни  задачи  во  согласност  со  етичките  норми  и  методи  за комуникација  со стари и немоќни лица; - познава,  разбира  и применува  основни  медицински  знаења  и стекнати  вештини  за базична нега  на стари и немоќни лица; - воочува и следи елементарни психофизички промени; - користи медицински  и ергономски  принципи во дневните активности; - овозможува  психолошка  и социјална поддршка на стари и немоќни лица - познава,  разбира и применува  основни знаења за услугата  помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните  активности на стари и немоќни лица; - користи  одредени  методи  и техники  за спроведување на лична  хигиена  и природна исхрана на стари и немоќни лица; - подготвува  материјал  и  применува  техники  за  местење  и  менување  на  постела  и облека на стари и немоќни лица - изведува   манипулација   при  физиолошка   потреба     на  неподвижни   стари  лица     и применува постапки за правилено користење на садови при истата - применува   вештини   за   работа   во   тим,   комуникација    и   проактивен   пристап   во пружањето на услугата; - одржува  хигиена  и  уредност  на  околината,  спречува  инфекции  (врши  дезинфекција  и стерилизација) - одржува лична хигиена, уредност и хигиена на личната работна облека, спроведува постапки на дезинфекција после одредени активности -  се грижи за безбедноста и здравјето при работа и за заштита на околината

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба:
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 18 години
 

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 180 75
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support