Конференција „Како да се направи учењето видливо: Стратегии за имплементација на валидација на неформално и информално учење„

На конференцијата учествуваа повеќе од 200 еминентни претставници од различни институции и организации од Европа, вклучувајќи ги креаторите на политики, експерти кои работат на спроведување на процесите на валидација, истражувачи и други чинители. Конференцијата се одржа во Солун, Грција, 28 и 29 Ноември 2016 година, а беше организирана од страна на Цедефоп.

Целта на оваа конференција беше да се споделат искуства поврзани со процесот на валидација на неформалното и информалното учење, за кои повеќето учесници се согласија дека е еден од приоритетите за намалување на невработеноста, подобрување на квалификациите на возрасните и зголемување на квалитетот на живот.

Како главни теми на конференцијата беа:

  • Валидација на мигранти
  • Валидација за невработените или оние кои се во ризик да станат невработени
  • Валидација за ниско- квалификувани возрасни
  • Валидација за вработени

На конференцијата зедоа учество пет претставници од ЈУ Центар за образование на возрасните и двајца претставници од Центар за доживотно учење.

Monday November 5th, 2018
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support