(Mk) Повик за апликации на Европската комисија (EAC/S34/2018) – Мобилност во стручното образование и обука

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Al. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Европската комисија – Директорат за образование, млади, спорт и култура објавува јавен повик за апликации за мобилност во стручното образование и обука. Главната цел на овој пилот повик е да придонесе кон подобрување и модернизација на системите за стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ и Африка, како и да ја зајакне врската помеѓу стручното образование и пазарот на трудот.
Подетално, целта на овој повик е да се зајакнат капацитетите на провајдерите на стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ (лот 1) и Африка (лот 2) преку промовирање на активности за мобилност во насока на подобрување на вештините и компетенциите на наставниците од стручно образование и обука,  учениците, учесниците, менаџерите како и подобрување на перспективите за работа на младите студенти.
Вид на активности кои се подобни во рамки на овој повик за Лот 1:
 Мерки за мобилност кои вклучуваат идентификација на таргет група на вработени, менаџери и ученици, подготовка на програми за обука со очекувани резултати од учење и селекција на учесници
 Активности за мобилност како:
o Мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство од 2 недели до најмногу 3 месеци
o Подолгорочна мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство (Еразмус Pro-type mobility 13) од 3 до 12 месеци
– Мобилност на кадарот, вклучително:
  •   Предавање /обука во странство – оваа активност им овозможува на вработените во провајдерите за стручно образование и обука да предаваат во партнер провајдер во странство. Исто така им овозможува и на вработените во компанија да држат обука кај провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Обука на кадарот во странство – со оваа активност се поддржува професионалниот развој на наставниците за стручно образование и обука преку упатување на работа или опсервација во компанија или кај друг провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Времетрањето на мобилноста на кадарот за оваа намена зависи од типот на активноста и е ограничена до најмногу 3 месеци
– Активностите за мобилност ќе се фокусираат на ученици и кадарот кои пристигнуваат во ЕУ, а не заминуваат од ЕУ (што ќе биде ограничено само за кадарот)
Мобилност за целите на обуки и дообуки ќе бидат ограничени само за вработени од земјите кои не се членки на ЕУ. Исто така,  поедини ученици од Србија, Турција и Северна Македонија кои     веќе ги користеле можностите од Еразмус + програмите не се подобни за мобилност преку оваа програма. Истото се однесува и за обука и дообука на кадарот
– Конференции, семинари
– Обуки
– Комуникациии, активности за подигнување на свесноста и споделување на информации на национално и регионално ниво
– Активности за создавање и развој на мрежи и размена на добри практики
– Мапирања, анализи и истражувања за најдобрите практики за развој на идни сеопфатни програми за мобилност во стручно образование и обука
Крајниот рок за аплицирање е 14 мај 2019 (до 12:00 часот)
Повеќе детали за повикот и можностите за аплицирање може да најдете на следниот линк:
https://ec.europa.eu/education/resources-and-tools/funding-opportunities/vet-mobility-pilot-2019_en

 

 

Friday April 12th, 2019
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support