Опис на програма
Основната цел на програмата козметичар за нега на лице и тело е стручно оспособување на кандидати, за самостојна работа во козметички салон. Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница – кабинет во просториите на Отворениот граѓански универзитет „НЕГОТИНО“ од Неготино, а практичниот дел ќе се реализира во соодветно опремен козметички салон. Програмата содржи 240 часа и истата ќе се реализира во период од четири месеци. Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање.
Програмата е наменета за работоспобни лица со завршено минимум основно образование. Бројот на кандидатите во една група зависи од просторните можности, но не повеќе од 6 лица. Во случај на поголем број кандидати, програмата ќе се реализира во повеќе групи распоредени во повеќе работни смени во текот на денот.
Обуката ќе се реализира преку форми на предавање, видео презентации, дискусии во група, демонстрирање и набљудување, со коментари и анализи, вежби, користење на претходно стекнати знаења и практични методи со меѓусебни изведби кај самите учесници во групата.
После секоја тематска целина ќе има проверка на знаењето преку усна проверка, писмена проверка-тест и практична изведба-демонстрација, а на крајот од реализацијата на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија. По утврдување од страна на комисијата дека учесникот успешно ја совладал материјата, кандидатот ќе се стекне со работно оспособување и ќе му се издаде сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
За реализирање на практичниот дел од програмата ќе биде ангажирано стручно лице – козметичар со најмалку пет години работно искуство во истата област, а за реализација на теоретскиот дел од обуката ќе биде ангажирано лице со високо образование со завршени студии по медицина.
Програмата дава можност за хоризонтална проодност, учесникот да може да премине и во друга сродна образовна програма и вертикална проодност, напредување во програми од повисоко ниво од занимањето.и
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 21 |
Пракса | 171 | 71 |
Оценување | 19 | 8 |
Вкупен број на часови | 240 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.