Опис на програма
После завршување на обуката учесникот ќе биде да спроведува обука на различни целни групи за различни теми, области, подрачја согласно својата експертска позадина и пренесува содржини и информации за одредени постапки, процеси и процедури, зависно од барањата на целната група.
За таа цел во текот на оваа обука учесниците ќе се оспособат да подготвуваат план на обука, базиран на детална анализа на потребите за обука, како и да развијат материјали за обука соодветни за целната група и темата на обука усогласени со искуствата и знаењата на секој поединец со целите на обуката.
Учесниците исто така ќе бидат способни да подготват понуди за обуки, да ја утврдува цената и да ги пренесат условите за следење на обуките и да спроведе комерцијални и административни активности во врска со обуката.
Понатаму учесниците ќе можат да спроведуваат и менаџираат процесот на обука и да комуницираат и соработуваат со учесниците и останатите обучувачи. Исто така, учесниците ќе се оспособат да да ги оценуваат индивидуалните постигнувања и да спроведат евалуација на квалитетот на реализација на програмата и процесот на обука и да водат евиденција за учесниците во обуката, како и да бидат способни да обезбедат услови за заштита на околината во која се изведува обуката.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 63 | 30 |
Пракса | 126 | 60 |
Оценување | 21 | 10 |
Вкупен број на часови | 210 |