Опис на програма

Главна цел на Програмата е работно оспособување за Ракувач со багер, утоварни машини и булдожер..Со оваа програма учесникот стекнува знаења и се оспособува за ракување, управување и од ржување во исправна состојба на рударската механизација. По успешното завршување на Програмата учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира работата со рударската механизација, рационално користи машини, уреди, подготвува и проверува исправност на алати, ракува и управува со соодветната рударска механизација, изведува ископ, депонира ископан материјал, користи технички упатства за ракување, пополнува документација, се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштита на работната околина.
Начинот на реализација на програмата е преку практична обука и теоретска настава и води до стекнување на сертификат „Ракувач со багер, утоварни машини и булдожер“.
Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 60 часа теоретска настава, 230 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската настава се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторст во на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењето, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “„Ракувач со багер, утоварни машини и булдожер”.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • планира и организира работата со машини; • подготвува и проверува исправнос на машини и алати за работа; • идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот; • изведува рударски работи на површинската експлоатација со различни технолошки и изведбени рударски постапки според проектот; • ракува и управува со багер, утоварни машини и булдожер; • одржува багер, утоварни машини и булдожер, • ископува, утоварува, транспортира и одлага руда; • употребува технички упатства за ракување со машината; • чита и пополнува пропишаната документација; • гарантира квалитет на извршените работи и одговара за нив; • се грижи за безбедноста при работа,здравјето и заштитата на работната околина; • комуницира со соработниците,подредените и надредените; • користи професионални информациски програми и машинска опрема и порема за сигнализација и комуникација; • рационално троши енергија,материјали и време;

Критериуми за влез во програмата

Минимум основно образование, наполнети 18 години и возачка дозвола.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 230 77
Оценување 10 3
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support