Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Кандидатот се оспособува да разбере широк спектар на сложени и подолги текстови и да препознае скриени значења. Може да се изрази флуентно и спонтано без  многу очигледно барање на зборови. Може да го користи јазикот флексибилно и ефикасно во општествени, академски и професионални цели. Може да срочи јасен, добро структуриран и детален текст на сложени теми и притоа соодветно да користи различни изрази за поврзување на деловите од текстот.

Резултати од програма

(Mk) Кандидатот е способен да разбира поопширни излагања дури и кога не се јасно структурирани или врските не се јасно искажани, туку само се подразбираат. Може да ги разбере телевизиските емисии и филмови без некој поголем напор. Може да разбере долги и сложени текстови засновани на факти како и литературни текстови воочувајќи ги разликите во стилот. Може да разбере стручни написи и подолги технички упатства, дури и ако не се поврзани со своето поле на интерес. Може течно и спонтано да се изразува без некој видлив напор за барање изрази. Може флексибилно и ефикасно да го користи јазикот за дружење и професионални цели. Може со прецизност да формулира идеи и мислења и вешто да се вклучи во дискусија со други соговорници. Може да даде јасни и детални описи на сложени теми, вклучувајќи разни тематики, развивајќи одредени идеи и заокружувајќи го тоа со соодветен заклучок. Може да ги изнесува своите идеи во јасен, добро структуриран текст и да давам поопширни објасненија за своите ставови. Може да пишува за сложени теми во писма, состави или извештаи, нагласувајќи го она што смета дека е важно. Може да го одбере стилот соодветен за определениот читател.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Претходно успешно завршен Б2 степен.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 48
Пракса 48 48
Оценување 2 4
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support