Опис на програма
Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на почетно ниво во хомогени групи без потребно предзнаење и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А1.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 1. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставни материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата се застапени и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен I степен по германски јазик, почетно ниво А1.1 (Grundstufe, A1.1).
Резултати од програма
- Поздравување
- Претставување себеси и трети лица
- Извинување, замолување, заблагодарување
- Броеви
- Претставување на членови од семејството
- Храна и пијалоци, цени
- Дијалози во ресторан, продавница, пазар
- Опис на стан: простории во станот и мебел
- Делови од денот, денови, оброци
- Опис на активностите во денот
- Време/час
- Време/ метеоролошки појави
- Страни на светот
- Годишни времиња
- Опис и именување на активности во слодобното време, хоби
- Учење, обуки и сл.
- Сегашно време: правилни и неправилни глаголи
- Лични заменки во номинатив
- W-прашања и да/не – прашања
- Присвоен член: mein-
- Определен, неопределен и негативен член кај именките
- Множина кај именките
- Негација на реченици
- Деливи глаголи
- Основни темпорални предлози
- Номинатив и акузатив
- Модални глаголи: möchten, können, wollen
- Минато време: Perfekt
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 44 |
Пракса | 15 | 44 |
Оценување | 4 | 12 |
Вкупен број на часови | 34 |