Опис на програма
Програмата дава можност учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при подигање на пчеларник за органско пчеларење, работа во органско производство на пчелини производи, примена на стандарди и контрола на квалитет на органско производството, правилно користење на машините, прибор, опремата и алатот за работа и основите за водење на мал бизнис за органско пчеларење.
Програмата е со времетраење од два и пол месеци или 160 часа и истата се состои од стручно теоретски содржини и практична обука. Стручно теоретските содржини се реализираат во училница / кабинет опремен со потребни нагледни средства, прибор и опрема за органско пчеларство и ја изведува дипломиран земјоделски инженер, или ветеренарен лекар Практичната обука се изведува од регистриран пчелар – практичар за органско производство, така што им се овозможува ефективно и ефикасно да ги постигнат поставените цели од Програмата.
За време на обуката се врши формативно оценување во текот на реализацијата на тематските целини и сумативно оцнување по завршувањето на секоја тематска целина и тоа преку усна и писмена проверка и практични изведби. По завршувањето на Програмата се полага завршен испит пред комисија со цел да се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршената проверка учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Пчелар за органско пчеларење“.
Резултати од програма
- ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
- применува технологии за интензивно органско одгледување на пчели;
- избира потребни материјали, прибор и алати за работа во органското пчеларење;
- подига и уредува пчеларник за органско пчеларење;
- поставува пчелни семејства на локација за органско пчеларење;
- врши прибирање на природни роеви и вештачко роење на пчелните семејства;
- ги применува основните принципи на органското пчеларење;
- применува опрема за органско производство и средства за заштита во органско пчеларење;
- произведува различни органски производи од пчели: мед, полен, восок, млеч и др.;
- ги применува стандардите за пакување и пуштање во промет на органски произведен мед и други пчелини производи;
- ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
- комуницира со колегите, претпоставените, потрошувачите и институциите;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 30 |
Пракса | 100 | 63 |
Оценување | 12 | 7 |
Вкупен број на часови | 160 |