Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

 

Главна цел на програмата е учесникот

 

да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со дигалка и манипулација  со различни видови товар.

Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 48 часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училница со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тестирање после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на дигалка – Мостен Кран / Кран со столб или кула“.

Резултати од програма

(Mk)   По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • планира, организира и извршува работни задачи, самостојно и во соработка со претпоставените
  • управува мостни дигалки (кранови);
  • управува подвижни и неподвижни дигалки (кранови) со столб или кула;
  • рационално да ги користи опремата и времето,
  • комуницира со претпоставените и корисниците на услуги,
  • почитува правила и прописи во внатрешниот транспорт;
  • се грижи за навремено одржување во исправна состојба дигалките од овластени лица;
  • чита ознаки на амбалажата на стоката;
  • води и издава потребна документација за изведените работи,
  • квалитетно извршува работи и работни задачи и одговара за нив,
  • применува правила и прописи од безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина
  • набројува права од работен однос и можности за отварање и водење на мал бизнис

Критериуми за влез во програмата

(Mk)   Завршено основно образование и над 18 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support