Опис на програма
Програмата за обука на Филигранист е дизајнирана врз основа на концептот за доживотно учење, односно потребата од постојано стекнување и развивање на нови компетенции кај младите и возрасните, е во корелација со политиките на Владата на Република Македонија и Стратегијата за претприемништво и иновации, која ќе придонесе за зголемување на вработеноста и вработливоста на младите и возрасните во РМ, зголему вање на самовработувањето, поголема ефикасност и ефективност на работните места, мобилност на работна-та сила, препознатливост на квалификациите во европските земји, стекнување на почит од семејството, заедницата, самопочит и самодоверба, повисок социјален статус во заедницата, активна вклученост во заедницата и тн.
Теоретскиот и практичниот дел од Програмата, ќе се реализира во просториите на Занаетчиската комора, Скопје.
Програмата содржи вкупно 550 часови од кои 160 теоретска настава, 380 практична настава и 10 часа про верка на стекнатите компетенции.Теоретската настава и практичната обука, усните и писмените проверки на знаења, вреднувањето на вештините стекнати преку практичната настава ќе се реализираат во просториите на Занаетчиската комора, Скопје.
Програмата содржи четири тематски целини за теоретска настава преку кои учесникот ќе стекне знаења за изработка на накит во филигранска техника, практична настава преку која учесникот ќе ги операционализира стекнатите знаења од четирите тематски целини, односно ќе изработува накит.
По завршувањето на програмата учесникот ќе полага завршен испит пред тричлена комисија. По успешно положениот завршен испит, учесникот се стекнува со сертификат за работно оспособување за занимањето Филигранист,
Филигранистот може да се вработи во компании за производство на накит, да отвори самостоен дуќан за изра ботка на накит или да се вработи кај занаетчија.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 160 | 29 |
Пракса | 380 | 69 |
Оценување | 10 | 2 |
Вкупен број на часови | 550 |