Опис на програма
Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години возраст да изведуваат фризерски услуги .
По успешното завршување на програмата учесниците ќе се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат различни типови на коса, да спроведуваат разновидни фризерски третмани за нега на косата со соодветни препарати, да советува клиент за избор на третман, да комуницира со клиенти и соработници, да ги следи модните трендови и стручно да се усовршува и надоградува, да обезбедува услови за работа, за лична и колективна заштита.
Теоретската настава, практичниот дел и оценувањето ќе се реализираат во училница, кабинет опремена според соодветни технички услови во “Едукативен ценар ТЕСА Академи” Гостивар. Програмата е со времетраење од 240 часа и опфаќа 52 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во фризерскa работилницa и опфаќа 164 часа. 24 часа се предвидени за оценување и проценка на стекнатите компетенции.
Програмата ќе биде реализирана преку девет тематски целини. По секоја тематска целина и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Фризер за жени и мажи. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат со цел следење на напредокот на кандидатите. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката.
Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници со завршени студии по биотехнологија или медицина и фризер со минимум 5 годишно работно искуство.
Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 20 |
Пракса | 168 | 70 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |