Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата за обука на фризер за жени претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.
Главна цел е учесникот по завршување на програмата да организира сопствената работа, да организира простор и работа во салон, да го подготвува клиентот, да комуницира и да го советува клиентот, мие и негува коса,подготвува и изведува потстрижување и обликување на коса, боење и белење на косата, изведување на фризури,рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на клиентот, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.
Содржините од програмата ќе се реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.
Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на фризерството во фризерски салон опремен со потребниот алат,пробор и опрема.
Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Програмата ќе се реализира со вкупно 240 часа со следниве модули:
-Организација на простор и работа во фризерски салон
-Миење и нега на косата
-Потстрижување на косата
-Обликувања на косата
-Боење и белење на косата
-Фризури
-Бизнис и претприемништво
По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за фризер за жени со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето фризер.

Резултати од програма

(Mk) Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за изведување на работи и работни задачи фризер за жени како и да: -подготвува, организира и извршува работи во фризерски салон, -дезинфицира, стерилизира: алат, прибор, работно место, работни површини, -советува и подготвува клиенти зависно од фризерската постака, -мие и негува коса , -потстрижува влажна и сува коса, -обликува коса, -менува и нијансира боја на коса, -користи соодветни препарати во зависност од фризерските постапки, -гарантира за квалитетот на извршените услуги и одговара за истите, -применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, -развива претприемачки вештини, -познава правата од работен однос и основите начела за отварање на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат: -Завршено најмалку основно образование. -Да има наполнето најмалку 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support