(Mk) ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време воЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2,  став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/2019 и 14/2020) и член  22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019 и 267/2020), ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за засновање на работен однос на определено време во

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје заради привремено зголемен обем на работа објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице, преку засновање работен однос на определено време за следното работно место:

  1. Советник за обезбедување на квалитет, развој и соработка , во Одделение за обезбедување на квалитет, развој и соработка – 1 извршител;

-за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – педагогија,психологија или образование

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-најмалку три години работно искуство во струката

Паричен износ на основната нето-плата – 26.257,00 денари

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.

  1. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија

2.Доказ за општа здравствена способност за работното место

3.Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана завршење професија, дејност или должност

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

6.Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

  1. Биографија

Распоред на работното време: вкупно  работни  часови во неделата – 40;

– работно време од 7:30/8:30-15:30/16:30 часот, работни денови од понеделник до петок
Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: „Да не се отвора”, на следнава адреса:

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје

ул. „Димитрије Чуповски“ бр. 13 Скопје

(со назнака „за оглас”)

Скопје

На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: „Да не се отвора”

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје  или со препорачана пратка по пошта.

Рокот за доставување на потребната документација е 3 (три) работни  дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време, во траење до 31.12.2021 година.

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје

Tuesday August 10th, 2021
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support